Конкурс за трансфер на студенти 2017/2018

Втор ден од Новогодишниот фестивал и базар
28 декември 2017
Трет ден од Новогодишниот фестивал и базар
29 декември 2017

Врз основа на член 108 и член 110 од Законот за високото образование на Р. Македонија (сл.весник 35/2008), Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за формата и начинот и водење и содржина на матичната книга на запишани студенти и главната книга на дипломирани студенти (Сл. весник на РМ 03/12) и Статутот на Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе – Битола, Република Македонија, Ректорската управа на ден 25.12.2017 година донесе одлука за трансфер и упис на студенти во учебната 2017/2018 година и го објавува следниот

КОНКУРС ЗА ТРАНСФЕР

за трансфер и упис на студенти на прв циклус на студии на акредитираните студиски програми во учебната 2017/2018 година

I. Факултети

II. Услови за упис

Право на аплицирање имаат сите студенти од други факултети од РМ и странство, кандидати со завршена виша школа или слично, дипломирани лица и студенти кои од оправдани причини не успеале да се запишат во матичната книга при првиот термин на затворањето.

Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1000 евра (за една учебна година) во денарска противвредност односно 1200 евра (за една учебна година) за Факултетот за Безбедносно инжeнерство, сметано по курс на НБРМ на денот на уплатата. При плаќање на партиципацијата во готово студентите добиваат попуст од 10 %.
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

01-01 (Medium)

III. Рокови за пријавување и запишување

Пријавување на кандидати: од 28.12.2017 до 31.01.2018 година.
Донесување на прелиминарни одлуки за упис на кандидатот: до 05.02.2018 година.
Донесување на конечни одлуки и запишување на кандидатите: по донесување на решение од страна на Министерството за образование и наука на РМ

IV. Како се прави трансферот?

Пред трансферот треба да доставите Уверение за положени испити од претходниот факултет. Потоа, деканот ќе го разгледа уверението и ќе бидете информирани колку од испитите кои сте ги положиле на претходниот факултет може да Ви бидат признаени.

Зависно од бројот на испити што ги имате положено и од тоа колку програмата по која дотогаш сте студирале се совпаѓа со нашата, се определува кои предмети се признаваат и во која година од студиите ќе бидете запишани.

Доколку на пример, се запишете директно во втора година, веројатно ќе има испити од нашата програма кои ќе Ви останат од прва година (разлика во испити). Истите испити ќе можете да ги полагате во некоја од нашите четири сесии (две редовни и две вонредни). За полагање испити од претходните студиски години се доплаќа по 1000 денари (еднократно). Доколку не положите од првпат, не плаќате повторно, туку го задржувате правото да го полагате испитот.

V. Партиципација

За сите студенти партиципацијата е еднаква, па така за студентите кои се префрлаат од други универзитети важат истите правила. Партиципацијата е еднаква и за редовните и вонредните студенти.

Според тоа, вие плаќате партиципација само за годините во кои ќе студирате. Ако се запишете во втора година, плаќате само за втора година и потоа трета, четврта, како што течат студиите.

Нудиме можности за плаќање на рати и попусти за плаќање во готово. Истите поволности кои важат за другите студенти, важат и за студентите кои прават трансфер. За можните попусти и бенефиции, проверете го менито за Партиципација.

VI. Вонреден или редовен?

Кандидатите можат да бидат запишани како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите.

Редовните студенти се обврзани да посетуваат настава, додека вонредните имаат обврска да доаѓаат само на испитите. Како вонредни студенти се запишуваат претежно лицата кои се вработени и немаат време да ги посетуваат сите предавања.

За упис како вонреден студент лицето е должно да достави потврда дека е вработено или медицинска белешка со која се потврдува дека не може да посетува настава.

Редовните студенти и вонредните студенти студираат како студенти со еднакво финансирање на студиите, односно партиципацијата останува иста.

VII. Потребни документи за трансфер

При пријавувањето за трансфер на прв циклус на студии, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Исписница од претходниот факултет или Уверение за положени испити
  •   Диплома за положена државна, училишна или меѓународна матура;
  •   свидетелства од сите години;
  •   извод од матична книга на родените;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.

Имате прашања?

За дополнителни прашања слободно посетете ја страницата за Често поставувани прашања или обратете ни се преку подолу дадената форма. Ветуваме дека ќе Ви одговориме најбрзо што можеме!

CAPTCHA
Please wait...