За факултетот

Постоиме веќе 11 години

Нашиот Факултет за психологија уште од самото основање од 2005-тата година им помага на своите студенти да стекнат сознанија за гледање на светот и случувањата од различни перспективи и да развиваат вештини со кои го подобруваат животот на сите кои ги опкружуваат.

Знаењето и вештините пред сè 

Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет Г. Р. Державин“- Свети Николе Битола Ви нуди можност да учите од најдобрите професионалци од областа на психологијата. Ќе се стекнете со непроценливи знаења и вештини кои несомнено ќе ве направат психолози спремни да се соочат со предизвиците на денешното живеење!

Важно е како ќе го употребите наученото

Посветеноста на студентите и нивниот професионален развој им дава можност да стекнат квалитетно теоретско познавање од областа на психологијата, но и да научат како да го надоградуваат, проверуваат и преиспитуваат своето и туѓото психолошко мнение – бидејќи работат со материја која е флексибилна, променлива и со големи барања – тие работат со луѓе. Со други зборови, се трудиме да ги научиме нашите студенти на техниките на „ловење риба“, наместо да им оставаме „уловени риби“.

Современи програми за современи психолози

Насоката Општа психологија на додипломските студии и насоките Клиничка и советодавна психологија и Психологија во социјална заштита на вториот циклус студии се акредитирани според последните светски трендови од областа на психологијата, што значи дека ќе ја изучувате психологијата преку најсовремени студиски програми.

Теорија + пракса = идеална комбинација

Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет Г. Р. Державин“- Свети Николе Битола Ви нуди не само теоретска подготовка, туку и практична настава која задолжително се реализира во текот на студиската година во сите институции во кои психолозите работат: во училишта, центри за ментално здравје, клиники, центри за социјална работа и многу други институции.

На Факултетот исто така се организираат и многу семинари, работилници и настани со надворешни соработници и истакнати експерти од праксата, што е од непроценливо значење за нашите студенти, кои имаат единствена можност да учествуваат на нив.

Интернационална соработка

Соработката со нашите колеги од Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Тамбов, Руска Федерација, дава посебен интернационален белег на нашите студии.

Како кадар сме поддржувачи на идејата на континуирано учење, личен и професионален раст и развој и затоа доблесни сме да учиме и да ги применуваме најуспешните практики од европските и светските искуства.

Тоа им го пренесуваме и на нашите студенти, а исто така, преку студентските размени што ги организираме, тие имаат можност да ги посетат психолошките истражувачки центри и да ја следат работата на руските професионалци од областа на психологијата.

 Ветуваме дека во наредните четири години, нашиот академски тим ќе Ви овозможи да:

  • ги разберете комплексните ментални процеси;
  • се запознаете себеси и другите;
  • развиете аналитички вештини;
  • го унапредите сопственото ментално здравје;
  • развиете вештини за справување со стресот;
  • научите како да спроведувате научни истражувања од различни области на оваа широка дисциплина.