За факултетот


Нашиот најмлад член


Од академската 2014/2015 година Факултетот за правни науки се придружи на фамилијата факултети при МСУ.

Иако најмлад член на нашата фамилија факултети, факултетот за правни науки има е потпишано договори за соработка и пракса со Уставниот суд на Република Северна Македонија, со Комората на извршители на Република Северна Македонија и со Комората на нотари на Република Северна Македонија, а во подготовка се договори за соработка со многу други државни институции.



Подготвени за свет кој постојано се менува


Нашиот факултет за правни науки ги подготвува студентите за да можат да ги исполнат барањата свет кој постојано се менува. Преку дополнителни обуки, работилници, конференции и издавање на публикации се трудиме на нашите студенти да им обезбедиме пристап до материјали од повеќе области кои би им помогнале во нивната идна правничка кариера.


Современи наставни програми за современи правници


Тој претставува факултет во кој работат квалитетни кадри по претпознатлива наставна програма надополнета со квалитетна клиничка настава, односно практично надополнување на теоретското знаење. Овде наставниот и соработничкиот кадар, составен од млади ентузијасти и искусни стручни работници, им стои на располагање на студентите во секое време.

Идните студенти во Факултетот за правни науки треба да препознаат квалитетна правна надградба изведена во современи услови и реализирана по најновите наставни програми.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1638125069531566/


CAPTCHA image