Продолжување на рокот за Избор на претставници и претседател на Студентско собрание

Зимска бајка на Новогодишниот фестивал и базар на Славјански во Свети Николе
1 јануари 2019
Шаховски турнир „Державин“ – 2019
10 јануари 2019

Продолжување на рокот за Избор на претставници и претседател на Студентско собрание

Се известуваат сите студенти на МСУ дека согласно одредбите од Законот за високо образование на Р. Македонија се продолжува рокот за избор на членови на факултетско и универзитетско студентско собрание објавен на 08.01.2019 година (вторник) до 25.01.2019 година (сабота).

За спроведување на изборите, за формирање на факултетско и универзитетско студентско собрание и за избор на претседател, формирани се комисии на секоја од единиците на МСУ, составена од по двајца студенти и еден професор.

Согласно Законот за високо образование, право да бира и да биде избран за член на факултетско и универзитетско студентско собрание има секој студент запишан во академската 2018/2019 година, во која се избира собранието (прва, втора и трета година).