Зимска бајка на Новогодишниот фестивал и базар на Славјански во Свети Николе

Избор на претставници и претседател на Студентско собрание
25 декември 2018
Продолжување на рокот за Избор на претставници и претседател на Студентско собрание
10 јануари 2019

Зимска бајка на Новогодишниот фестивал и базар на Славјански во Свети Николе

На 25 декември, на Меѓународен славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе започна Новогодишниот фестивал и базар, кој се организира веќе трета година по ред.

Распространет на повеќе од 2.500 квадратни метри, Новогодишниот фестивал и базар се одржа на 25, 26 и 27 декември, секој ден од 17:00 до 21:30 часот. За секој ден од новогодишниот фестивал беше предвидена различна културна програма.

Во програмата на фестивалот учествуваа студентите од Меѓународниот славјански универзитет, средношколците од СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе, СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, учениците од основните училишта „Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“ од Свети Николе, како и најмалите од детската градинка „Рахилка Гонева“ – Свети Николе.

Студентите и средношколците од Свети Николе ја подготвија комедијата „Леле, Перо“, додека Градскиот аматерски театар „Сцена ‘71“ од Свети Николе ја изведе комедијата „Бечка школа“.

Во рамките на фестивалот е организиран и изложбен новогодишен базар со магични дрвени куќички, рачно изработени празнични декорации, книги, варено вино и традиционални македонски специјалитети.