Избор на претставници и претседател на Студентско собрание

Студенти од Факултетот за безбедносно инженерство во едукативна посета во Водовод – Битола
21 декември 2018
Зимска бајка на Новогодишниот фестивал и базар на Славјански во Свети Николе
1 јануари 2019

Избор на претставници и претседател на Студентско собрание

Се известуваат сите студенти на МСУ дека на 08.01.2019 година (вторник) ќе се одржат избори за членови на факултетско и универзитетско студентско собрание. За членови на собранието ќе се избираат по 2 студенти од секоја година, на секоја од единиците на МСУ.

За спроведување на изборите, за формирање на факултетско и универзитетско студентско собрание и за избор на претседател, формирани се комисии на секоја од единиците на МСУ, составена од по двајца студенти и еден професор.

Согласно Законот за високо образование, право да бира и да биде избран за член на факултетско и универзитетско студентско собрание има секој студент запишан во академската 2018/2019 година, во која се избира собранието (прва, втора и трета година).