Нашиот партнерски универзитет од Узбекистан Silk Road International university of Tourism and Сulturаl Heritage објавува повик за стипендирање на двајца студенти од Република Северна Македонија. Универзитетот е посветен на обучување експерти од областа на туризмот и управувување со културно наследство.
Универзитетот нуди две целосно финансирани магистерски стипендии за студенти од Република Северна Македонија за академската година 2024-2025 година, започнувајќи во септември 2024. Ги покануваме заинтересираните студенти да аплицираат и да започнат образовно патување што поттикнува меѓународна соработка и културна размена.
Достапни области на универзитетот за магистерски програми:
Стипендијата е обезбедена од партнерскиот универзитет и ќе ги покрие следните трошоци за студентите:
Заинтересираните студенти можат да се пријават на следната апликација, по што ќе добијат повеќе информации како да ја спроведат нивната апликација до партнерскиот универзитет. Рокот за аплицирање е до 18 август 2024 година преку формата дадена на оваа страница.
Интервјуата со апликантите ќе се одржат во периодот до 20 септември 2024 година. Интервјуата ќе ги спроведува партнерскиот универзитет.
Апликацијата е затворена.
Целта на Универзитетот е да обучува висококвалификуван кадар во областа на туризмот и културното наследство и е првиот државен универзитет во Узбекистан каде образовниот процес се одвива само на англиски јазик. Водечки меѓународни професори и наставници се вклучени во процесите на обучување на студентите, а има и сопствена практична HoReCa академија. Универзитетот тесно соработува со водечки универзитети во Азија, Европа, САД и други земји во областа на науката, иновациите и заедничките проекти.
Студентите на Универзитетот студираат во смарт кампус, опремен според стандардите на престижните високообразовни институции во светот. Комплексот вклучува хотелски соби, бар-ресторан, конференциска сала за 250 луѓе опремена со напредна технологија. Комплексот исто така има универзална спортска сала, базен и современа дигитална библиотека.