Шаховски турнир „Державин“ – 2019

Продолжување на рокот за Избор на претставници и претседател на Студентско собрание
10 јануари 2019
Известување за неработен ден -19 јануари 2019 год. – Богојавление (Водици)
16 јануари 2019

Шаховски турнир „Державин“ – 2019

Повик за третиот Шаховски турнир „Державин“ во Битола

Меѓународниот Славјански Универзитет како организатор Ве поканува да земете учество на дводневен шаховски турнир со стручна помош на членови од битолскиот шаховски клуб. Турнирот ќе се одржи на 26 и 27 јануари 2019 во големата конференциска сала на нашиот универзитет во Битола, со почеток од 12:00 часот.  Линк до настанот на Facebook.

Турнирот е наменет за сите шахисти со ФИДЕ код родени 1993 и помлади кои имаат рејтинг помал од 2000 поени. Организаторот може да одобри и вајлд карта за одрeдени играчи.

  • Судија: ИМ Тони Кироски (ФА)
  • Уписнина: 100 денари

Шаховски комплети се обезбедени за сите учесници.


Игра:

  • Темпо на играње 20 минути со додаток 10 секунди по потег, почнувајќи од првиот потег (20’ + 10”).
  • Швајцарски систем, 11 кола, по правилата на ФИДЕ за забрзан шах, согласно член А4

 


Наградeн фонд:

  • 1 место – 6.000 денари + златна плакета
  • 2 место – 5.000 денари + сребрена плакета
  • 3 место – 4.000 денари + бронзена плакета
  • 4 место – 3.000 денари
  • 5 место – 2.000 денари
  • 6 место – 1.000 денари
    + специјални награди


Следуваат специјални награди за:

  • медали и дипломи за три најдобро пласирани шахисти до 8 г.
  • медали и дипломи за три најдобро пласирани шахисти до 10 г.
  • медали и дипломи за три најдобро пласирани шахисти до 12 г.
  • медали и дипломи за три најдобро пласирани шахисти до 14 г.
  • медали и дипломи за три најдобро пласирани шахисти до 16 г.
  • медали и дипломи за најдобро пласир. шахистки по категории

Наградите се делат според Хортов систем.


При делба на место одлучува:

  1. Бухолц -1
  2. Бухолц
  3. Поголем број победи
  4. Прогрес

Програма:

  • прв ден (26.01.2019),  I – VI коло
  • втор ден (27.01.2018), VII – XI коло

 



Пријавување:

  1. Сите шахисти со ФИДЕ код родени 1993 и помлади кои имаат рејтинг помал од 2000 поени
  2. Рок на пријавување: 25 јануари 2019.
  3. Котизација за учество – 100 денари за два дена. Во котизацијата се вклучени закуски и пијалоци во текот на двата дена.
  4. Сметка за уплата: Примач: ПВУ МСУ, Сметка: 320-1000028568-45, Банка: ЦКБ. На уплатницата задолжително треба да биде наведено името на учесникот кој се пријавува за турнирот.
  5. Пријавувањето се врши исклучиво со пополнување на следната апликација:

Пријава за учество на шаховски турнир

Со пополнување на оваа апликација Вие се пријавувате за учество на Шаховскиот турнир „Державин“ организиран од Меѓународниот Славјански Универзитет кој ќе се одржи на 27 и 27 јануари 2019 во Битола и се согласувате Вашите податоци да бидат внесени во нашиот систем.

CAPTCHA
Please wait...