Конкурс за карикатура, хумореска и афоризам на тема „Јас, Итар Пејо“

Потпишан договор за докторски студии – универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Велико Трново
27 февруари 2017
Одржана петтата работилница од циклусот „Менталното здравје и младите“ на тема „Стигма и дискриминација“
3 март 2017

Институтот за култура при Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе распишува:

КОНКУРС

ЗА КАРИКАТУРА, ХУМОРЕСКА И АФОРИЗАМ
Тема: „Јас, Итар Пејо“ и слободна тема

Пропозиции:

За карикатура:

 

·        Големината на карикатурата: А3 или А4

·        Секој автор може да учествува со неограничен број на карикатури

·        На позадината на карикатурата авторот треба да ги стави своите лични податоци

 

Награди:

 

·        Златна плакета и 500 евра

·        Сребрена плакета и 400 евра

·        Бронзена плакета и 300 евра

 

За хумореска:

 

·        Должината на текстот најмногу две страни

·        Секој автор може да учествува само со една хумореска

·        Делата треба да бидат потпишани од авторот

 

Награди:

 

·        Златна плакета и 400 евра

·        Сребрена плакета и 300 евра

·        Бронзена плакета и 200 евра

За афоризам:

 

·        Серија од 10 до 15 афоризми

·        Секој автор може да учествува со една серија афоризми

·        Документот треба да го содржи името на авторот

 

 

Награди:

 

·        Златна плакета и 300 евра

·        Сребрена плакета и 200 евра

·        Бронзена плакета и 100 евра

 

ВАЖНО:

  • Сите материјали треба да бидат оригинали и претходно необјавени.
  • Заедно со материјалите треба да биде испратена и кратка биографија за авторот.
  • Сите доставени дела остануваат во сопственост на фестивалот и правото за нивно објавување и изложување го поседува организаторот.

РОК: Авторите треба да ги достават своите дела најдоцна до: 14.06.2017.

АДРЕСА: Материјалите треба да се испратат исклучиво по пошта на адреса: ул. „Маршал Тито“ бр. 77, Свети Николе, 2220, Р. Македонија.

ДОКУМЕНТИ:
македонска верзија на конкурс
англиска верзија на конкурс

КОНТАКТ:

Анастазија Даневска

web: http://msu.edu.mk/itar-pejo
e-mail aдресa: [email protected]