Потпишан договор за докторски студии – универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Велико Трново

Во Свети Николе се одржа прославата за Масленица
25 февруари 2017
Конкурс за карикатура, хумореска и афоризам на тема „Јас, Итар Пејо“
1 март 2017

Потпишан договор за докторски студии – универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Велико Трново

Денес во Ректоратот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Велико Трново, Бугарија, беше остварена средба со Ректорот и проректорите на Универзитетот на која е договорена уште една голема придобивка за нашите сегашни и идни студенти.

Имено, договорено е формирање на оддел во рамките на нашиот универзитет кој ќе работи на заеднички програми за докторски и магистерски студии заедно со универзитетот од Велико Трново.

Делегацијата на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ беше предводена од Деканот на Факултетот за правни науки, проф. д-р Александар Илиевски.

Повеќе од 15 програми за втор и трет циклус на студии наскоро ќе бидат достапни на МСУ во Св. Николе и Битола.