Конкурс за карикатура, хумореска и афоризам на тема „Јас, Итар Пејо“

Потпишан договор за докторски студии – универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Велико Трново
27 февруари 2017
Одржана петтата работилница од циклусот „Менталното здравје и младите“ на тема „Стигма и дискриминација“
3 март 2017

Наградени учесници на Конкурсот за карикатура, хумореска и афоризам „Јас, Итар Пејо”.

Комисиите за доделување награди на Конкурсот за карикатура, хумореска и афоризам „Јас, Итар Пејо”, на ден 13.09.2017 година (среда), со почеток од 11:00 часот одржаа состанок на кој ги соопштија наградените учесници од Конкурсот. Наградите ќе бидат врачени на свеченост која ќе се одржи на 27.10.2017 со почеток од 19:00 часот на МСУ во Битола. Комисиите работеа во следниот состав:

Претседател – Иван Бојаџиски

Комисија за карикатура:
1.    Јордан Поп Илиев, претседател
2.    Јордан Ѓорчев, член
3.    Хасан Фазлиќ (Босна и Херцеговина), член

Комисија за афоризам:
1.    Миле Ѓорѓијоски, претседател
2.    Иван Бојаџиски, член
3.    Игор Дамјановиќ (Србија), член

Комисија за хумореска:
1.    Христо Петрески, претседател
2.    Трајче Кацаров, член
3.    Васил Тоциновски, член


Добитници на наградите

1. Награди за карикатура

Од пристигнатите карикатури од 78 автори од целиот свет, доделени се три главни и седум специјални награди:

Прва награда – Миро Георгиевски, Македонија


Втора награда – Горан Челичанин, Србија


Трета награда – Мехмед Караман, Турција

Посебна награда за ликовно-графичко обликување: Кристина Александарски

Специјални награди:
1.      Валекс Александров, Бугарија
2.      Владимир Казањевски, Украина
3.      Хулс Хунишиќ, Австрија
4.      Сергеј Самандуев, Украина
5.      Слободан Бутир, Хрватска
6.      Лујс Пострум, Австрија
7.      Ердоган Босол, Турција


2. Награди за афоризам

Од пристигнатите афоризми од 49 автори, доделени се три главни и шест специјални награди:

Прва награда – Васил Толевски, Македонија
Втора награда – Витомир Долински, Македонија
Трета награда – Раде Ѓерговиќ, Србија

Специјални награди:
1.      Наташа Ќурчиска, Македонија
2.     Нинус Несторовиќ, Србија
3.     Братислав Костадинов, Македонија
4.      Љупчо Силјановски, Македонија
5.      Марјан Ангеловски, Македонија
6.      Зоран Т. Поповиќ, Србија


3. Награди за хумореска

Од пристигнатите афоризми од 30 автори, доделени се три главни и три специјални награди:

Прва награда – Томислав Дрвар, Србија
Втора награда – Ангелина Лапоска, Македонија
Трета награда – Владислав Влаховиќ, Црна Гора

Специјални награди:
1.      Габриела Стојаноска, Македонија
2.      Сузана Георгиеска, Македонија

Освен главните награди, комисиите одлучија да доделат и специјални награди на дел од учениците на конкурсот кои ќе бидат објавени на денот на доделување на наградите.

Ви благодариме што ги доставивте Вашите материјали на фестивалот Итар Пејо!


 

Институтот за култура при Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе распишува:

КОНКУРС

ЗА КАРИКАТУРА, ХУМОРЕСКА И АФОРИЗАМ
Тема: „Јас, Итар Пејо“ и слободна тема

Пропозиции:

За карикатура:

 

·        Големината на карикатурата: А3 или А4

·        Секој автор може да учествува со неограничен број на карикатури

·        На позадината на карикатурата авторот треба да ги стави своите лични податоци

 

Награди:

 

·        Златна плакета и 500 евра

·        Сребрена плакета и 400 евра

·        Бронзена плакета и 300 евра

 

За хумореска:

 

·        Должината на текстот најмногу две страни

·        Секој автор може да учествува само со една хумореска

·        Делата треба да бидат потпишани од авторот

 

Награди:

 

·        Златна плакета и 400 евра

·        Сребрена плакета и 300 евра

·        Бронзена плакета и 200 евра

За афоризам:

 

·        Серија од 10 до 15 афоризми

·        Секој автор може да учествува со една серија афоризми

·        Документот треба да го содржи името на авторот

 

 

Награди:

 

·        Златна плакета и 300 евра

·        Сребрена плакета и 200 евра

·        Бронзена плакета и 100 евра

 

ВАЖНО:

  • Сите материјали треба да бидат оригинали и претходно необјавени.
  • Заедно со материјалите треба да биде испратена и кратка биографија за авторот.
  • Сите доставени дела остануваат во сопственост на фестивалот и правото за нивно објавување и изложување го поседува организаторот.

РОК: Авторите треба да ги достават своите дела најдоцна до: 14.06.2017.

АДРЕСА: Материјалите треба да се испратат исклучиво по пошта на адреса: ул. „Маршал Тито“ бр. 77, Свети Николе, 2220, Р. Македонија.

ДОКУМЕНТИ:
македонска верзија на конкурс
англиска верзија на конкурс

КОНТАКТ:

Анастазија Даневска

web: http://msu.edu.mk/itar-pejo
e-mail aдресa: itarpejo@msu.edu.mk