Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ врши упис на нови членови во Универзитетски Фолклорен Ансамбл – Свети Николе кој ќе биде предводен од кореографот Баже Џоџев.
Учеството во ансамблот ќе биде бесплатно и ќе се вежбаат разни сплетови и ора. Се планира да има турнеи и настапи во нашата држава како и надвор од неа.
Сите заинтересирани средношколци и студенти од сите градови на возраст од 15 години и повеќе (машки и женски). Пријавените лица може да бидат со искуство и без искуство.
Пријавувањето трае до 04.12.2019 година.
За повеќе информации Ве молиме обратете се кај:
Марија Трајановска
marija.trajanovska@msu.edu.mk
моб. 078 447 893 (од 08:00 до 14:00 ч.)
[iphorm id=”24″ name=”Пријавување за Универзитетски Фолклорен Ансамбл”]