Пријавување за Денови на психологијата на МСУ во Битола

Потпишан Договор за соработка со Висока школа за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија
23 ноември 2019
Конкурс за пријавување на нови членови во Универзитетски Фолклорен Ансамбл – Свети Николе
26 ноември 2019

Пријавување за Денови на психологијата на МСУ во Битола

Денови на психологијата на МСУ во Битола
13 и 14 декември


После успешно одржаните Денови на психологијата на МСУ во Свети Николе, наше големо задоволство е да ве поканиме да бидете дел од нашите „Денови на психологијата” во Битола.

Доколку сте студенти на психологија, или едноставно ја сакате психологијата ова е вистинскиот настан за вас! Доколку сакате да научите повеќе за оваа наука, сакате да се дружите и да запознаете други истомисленици и психолози, тогаш не ја пропуштајте оваа прилика!

Со нова програма, „Деновите на психологијата“ се создадени за да можете да видите и научите повеќе за оваа наука, да видите и научите како изгледаат предавањата и практичните работилници на психолозите, а ова ќе биде и одлична прилика за да ги збогатите вашите домашни библиотеки.



Што добивате?


  • На 13 и 14 декември за вас ќе бидат поканети врвни психолози подготвени да ви ја доближат работата на психолозите во сите институции,
  • Ќе имате можност одблизу да се запознаете со многу техники кои се користат во психологијата,
  • Присуство на интерактивни предавања и работилници,
  • Можност за дискусии на разни теми,
  • Ќе можете да ја збогатите Вашата библиотека со книги од областа на психологијата,
  • Учесниците кои ќе ги посетат работилниците добиваат сертификат,
  • Бесплатна кафе пауза и закуски.

Агенда


 

 


 


Услови за учество


На деновите на психологијата може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.

Финансиските услови за учество се следниве:

  • 1 ден = 500 денари
  • 2 дена = 800 денари

За студентите на МСУ ќе важат следниве цени:

  • 1 ден = 400 денари
  • 2 дена = 700 денари

Уплатата се врши на следнава сметка:
Примач: Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
Банка: Стопанска банка АД Скопје
Жиро с-ка: 200001929488684


Пријава за Денови на психологијата

Лични податоци
Контакт информации
Податоци за начинот на учество
Please wait...