На 22.05.2017 (понеделник) студентите од „Меѓународен Славјански Универзитет“ Г. Р. Державин ја посетија базата Галдим (Галдым) во Тамбовската област. Нашите студенти зедоа учество во спортски активности, team building, учествуваа на концерт каде што се преставуваа традиционалните танцеви и песни на студентите од Кина, Узбекистан, Мароко, Зимбабве, Индија и Македонија. По спортските активности студентите исто така зедоа учество во интернационална кујна со приготвени традиционални јадења.