Меѓународниот фестивал „Друзья, прекрасен наш союз!” поканува 5 студенти од МСУ на брегот на Црното Море од 9-14 септември 2019 година. Годинава фестивалот ќе се одржи на нова локација во Меѓународниот Спортски Центар „Балканика-Росица“.
Програмата на фестивалот ќе биде поврзана со театарот бидејќи 2019 година во Русија е определена како Година на театарот. На фестивалот секој учесник ќе може да ги покаже своите таленти и способности. Студентите кои ќе присуствуваат на фестивалот може да ги испробаат своите режисерски или актерски способности и да остварат средби со познати руски актери и режисери. На фестивалот ќе има и многу натпревари и игри на отворено.
Трошоците за сместување, храна и екскурзии се покриени од страна на организаторот. Превозот за пријавените студенти ќе биде организиран од МСУ до градот Китен и назад.
Пријавувањето ќе биде на принципот прв пријавен – прв услужен, но клучно е студентите да го познаваат и да можат да се изразуваат на руски јазик. Може да земат учество само студенти од МСУ.
[iphorm id=”16″ name=”Пријавување за учество”]