Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет Ве поканува на нова младинска размена во Романија. Во партнерство со Kreativ Research од Романија овозможуваме на 6 студенти да бидат дел од младинска размена поддржана од Еразмус+ програмата.
Проектот Get involved for a clean community! вклучува младинска размена на која учество ќе земат 36 млади луѓе на возраст од 16 до 25 години од 6 земји: Македонија, Италија, Шпанија, Турција, Романија и Украина.
Потребни се вкупно 6 учесници.
Учесниците можат да бидат на возраст од 16 до 25 години и треба да имаат познавање на англиски јазик.
Можете да се пријавите најдоцна до 25 март 2024 година.
По пријавувањето ќе бидете контактирани од нашите служби за повеќе детали.
Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.
За пријавување, Ве молиме пополнете ја следнава апликација и ќе бидете контактирани од страна на нашиот тим.
За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на info@zs.msu.edu.mk
Апликацијата е затворена.