Најдобриот средношколски есеј напишан од ученичка од Прилеп

Над 350 дипломци и магистри ги добија своите дипломи на свечени манифестации во Битола и Свети Николе
25 мај 2019
МСУ потпиша меморандум за соработка со Македонско здружение за маркетинг
3 јуни 2019

Најдобриот средношколски есеј напишан од ученичка од Прилеп

На 24-ти мај беа доделени наградите од Конкурсот за средношколски есеи организиран од Институтот за култура при Меѓународен Славјански Универзитет. Првото место припадна на ученичка од Прилеп.

Доделувањето на наградите се одржа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.

Опфатени беа повеќето училишта за средно образование од земјава. Сите пристигнати есеи се издадени во збирка насловена „Средношколски размислувања 3“ и секој од учесниците ќе добие по еден примерок од публикацијата.

Од пристигнати вкупно 168 есеи напишани од 104 талентирани автори, жирито ги издвои следниве победници:

Првото место припадна на Бисера Батаклиева од  СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Прилеп, а нејзиниот есеј беше на тема „Сакам да пишувам за…“. Наградите кои беа предвидени за првото место се златна плакета, лаптоп, комплет книги и стипендија во висина од 300 евра.

Второто место беше за Ива Станојковска од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово која пишуваше на тема „Субјект број 7101“. Наградите кои следуваа за второто место се сребрена плакета, таблет, комплет книги и стипендија во висина од 200 евра.

Третото место го освои Марија Петрушева од СОУ „Кочо Рацин“, Свети Николе со есејот на тема „Ковчег преполн со солзи и сеќавања“, а наградите кои ги доби беа плакета, комплет книги и стипендија во висина од 100 евра.