Конкурс за средношколски есеи – 2019

Избор на нов ректор на МСУ
1 февруари 2019
Интелектуална игра за тандем стипендии #DerzhaWIN2019!
18 февруари 2019

Конкурс за средношколски есеи – 2019

Победници од конкурсот за средношколски есеи – 2019

Од пристигнати вкупно 168 есеи напишани од 104 талентирани автори, комисијата ги издвои следниве победници:

  • 1 место – Бисера Батаклиева – СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Прилеп – „Сакам да пишувам за…“
    Златна плакета, лаптоп, комплет книги и стипендија* во висина од 300 евра
  • 2 место –  Ива Станојковска – СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово – „Субјект број 7101“
    Сребрена плакета, таблет, комплет книги и стипендија* во висина од 200 евра
  • 3 место – Марија Петрушева – СОУ „Кочо Рацин“, Свети Николе – „Ковчег преполн со солзи и сеќавања“
    Плакета, комплет книги и стипендија* во висина од 100 евра

*Стипендијата се добива еднократно и само доколку ученикот одлучи да се запише на еден од факултетите при МСУ. Истата може да се искористи само како попуст од вкупната партиципација за студирање. Наградите не можат да бидат заменети со парични средства.


Комисија:

  • доц. д-р Катерина Видова
  • м-р Јасмина Пресилска
  • Маја Маријана Панајотова
  • Ивана Спасева
  • Ивона Стевановска
  • Ангела Динева

Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“  од  Свети Николе – Битола распишува

КОНКУРС

за најдобри средношколски есеи на следниве теми:

  • Дали технологијата ја поттикнува креативноста?
  • Дали онлајн пријателите се разликуваат од имагинарните?
  • Има ли правда за СИТЕ?
  • Каква иднина има образованието?
  • Животот во виртуелна реалност
  • Кога би живеел/а во филм, тоа би бил…
  • Есеј со научно-фантастична содржина, со наслов по избор на писателот
  • Слободна тема

Бараме оригинални есеи. Искрени, сатирични, духовити, храбри, креативни, интелигентни, емоционални, визионерски… Баш такви есеи какви што сакате да напишете! Есеи што навистина можат да ги отсликаат средношколските размислувања.

Насловите на темите се дадени само како насоки за авторот. Може да давате аргументи за и против, може да се согласувате и да не се согласувате со дадените теми. Во оформување на идејата (и колку апстрактна таа ќе биде) можете да имате целосна слобода. Важно е да се чувствувате слободни и сигурни во тоа што го пишувате.



1. Кој може да се пријави?

На конкурсот можат да учествуваат сите средношколци од Република Северна Македонија со неограничен број на есеи.


2. Кои услови треба да ги исполнува есејот?

Есејот треба да биде напишан на македонски или англиски јазик и да ги исполнува следниве услови:

  • да биде напишан на една од дадените теми
  • да биде подготвен како MS Office Word документ (.doc или .docx) – А4 формат
  • да не надминува 700 зборови
  • фонт Times New Roman (со македонска/кирилична поддршка за есеите на македонски јазик);
  • маргини: лево, десно, горе и долу по 20 mm
  • да не биде навредлив кон ниту една етничка заедница, ниту смее да содржи говор на омраза базирано на раса, религија или пол

3. Освен есејот, дали е потребно да се достават дополнителни информации?

Потребно е на првата страница, пред почетокот на есејот, истакнати следниве податоци:

  • име и презиме на авторот
  • датум на раѓање на авторот
  • име на училиштето и место
  • ментор
  • адреса и место на живеење на авторот
  • телефонски број на авторот
  • адреса за електронска пошта на авторот

4. До кога најдоцна треба да се испратат материјалите?

Конкурсот ќе трае од 13 февруари до 30 април 2019 година.


5. Каде се испраќаат материјалите?

Есеите можете да ги прикачите во електронската пријава која е дадена подолу на оваа страница.  


6. Награди

Предвидени се специјални награди за

  • Прво место: Златна плакета, лаптоп, комплет книги и стипендија* во висина од 300 евра.
  • Второ место: Сребрена плакета,  таблет, комплет книги и стипендија* во висина од 200 евра.
  • Трето место: плакета, комплет книги и стипендија* во висина од 100 евра.

За сите останати учесници ќе бидат подготвени подароци и сертификати за учество на конкурсот.

*Стипендијата се добива еднократно и само доколку ученикот одлучи да се запише на еден од факултетите при МСУ. Истата може да се искористи само како попуст од вкупната партиципација за студирање. Наградите не можат да бидат заменети со парични средства.


7. Критериуми

Важно е есејот да ги задоволува техничките барања кои се наведени во конкурсот. Ова ќе биде првата фаза на елиминација.

Сите есеи што ќе ја поминат првата фаза ќе бидат оценувани од страна на комисијата според следниве критериуми:

  • оригиналност, иновативност
  • стил и начин на изразување
  • добро организиран есеј со соодветна содржина и структура
  • разбирање на темата за која се пишува
  • јасна цел, добро аргументирање и конкретни примери
  • граматика и интерпункција

Организаторот ги задржува правата да го направи изборот на есеи кои ќе бидат објавени во збирката. Организаторот може да не објави


8. Објавување на резултатите

Резултатите ќе бидат објавени на оваа страница на 20 мај 2019, најдоцна до 12:00 часот.


9. Доделување на наградите

Наградите ќе бидат доделени на посебна свеченост која ќе се одржи на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе на 24-ти мај во 12:00 часот. Сите ученици кои имаат испратено есеј ќе добијат покана за доделувањето на наградите.

Истовремено ќе се одржи и промоција на публикацијата насловена „Средношколски размислувања“, каде ќе бидат објавени сите успешни есеи од конкурсот.


Имате прашања?

За дополнителни прашања обратете ни се на следнава електронска адреса: esei@msu.edu.mk