На Славјански традиционалнo беше прославена руската Прочка – Масленица

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ продолжи со презентирањето на своите наставни програми пред матурантите од Прилеп
6 март 2019
Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ продолжи со презентирањето на своите наставни програми пред матурантите од Штип
12 март 2019

На Славјански традиционалнo беше прославена руската Прочка – Масленица

Денес во амфитеатарот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ Свети Николе, 11-та година по ред свечено беше одбележана Масленица, руска Прочка. Настанот, на кој присуствуваа околу 200 граѓани од повеќе градови на Македонија, беше во организација на Меѓународен Славјански Универзитет, на Амбасадата на Руската Федерација во земјава и на Сојузот на друштвата за македонско-руско пријателство.

Гостин на овој настан беше и Амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин.

Прославата се одржа на 07.03.2019 (четврток) во големиот амфитеатар на Славјански во Св. Николе.

Масленица претставува испраќање на зимата и дочек на пролетта. Тоа е еден од највеселите руски празници. Еден од највпечатливите обичаи претставува палењето на сламената кукла, која ја симболизира старата година. За Масленица традиционално се подготвуваат и топли палачинки.

На овој настан учество зедоа: Вања Жинжировска, Евгенија Милошевска и Светлана Пужевска од составот „Чајка“, градскиот хор од Штип, најмалите играорки од ФА „Јанко Глигоров“ од Свети Николе и оперскиот пејач Тодор Арсовски од Штип.