Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ продолжи со презентирањето на своите наставни програми пред матурантите од Штип

На Славјански традиционалнo беше прославена руската Прочка – Масленица
7 март 2019
Во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г.Р.Державин“ потпишан е билатерален договор со Меѓународниот Визион Универзитет од Гостивар
12 март 2019

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ продолжи со презентирањето на своите наставни програми пред матурантите од Штип

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ продолжи со презентирањето на своите наставни програми пред матурантите од Штип, во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, СОУ „Коле Нехтенин“, СОУ „Славчо Стојменски“, СОУ „Димитар Мирасчиев“ и СОУ „Јане Сандански“.

Покрај можностите за студирање, матурантите беа запознаени и со студентскиот живот на МСУ, активностите кои ги организираат нашите студенти, можностите за стипендии и останатите отворени конкурси.

Со нас беше и студентката Моника Никовска од Штип која своето  средно училиште го има завршено во гимназијата „Славчо Стојменски“,  таа на матурантите им ги пренесе своите импресии од нашиот факултет. Моника е една од најдобрите студентки на нашиот факултет која преку конкурсите за стипендија ја има добиено стипендијата од факултетот и  сите четири години го има задржано својот просек, a зема и државна стипендија. Таа е студент на факултетот за правни науки и на практичниот дел од наставата ги има посетено криминалистичкиот музеј во Скопје, основниот суд во Свети Николе, затворот во Куманово, криминалистичкиот оддел во Штип и многу други. Преку факултетот ги има посетено Србија, Бугарија и Русија.

„Покрај тоа што имавме прилика да посетиме повеќе факултети во Тамбов и да го видиме начинот на кој тие се надоградуваат на интелектуално ниво, исто така имавме прилика и да ги вкусиме нивните традиционални специјалитети. Нивната гостопримливост беше на највисоко ниво како и организацијата од нивна страна која ни овозможи незаборавен помин и едно прекрасно искуство кое секогаш ќе ми остане во сеќавање.“ – вели Моника за посетата во Русија.

И годинава планираме да ги посетиме сите градови во Република Северна Македонија. Следете нe’ за да дознаете кога ќе дојдеме токму во Вашиот град!

15 години Меѓународен Славјански Универзитет.