Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ започна со презентирањето на своите наставни програми пред матурантите. Први на нашата маршрута беа матурантите од Скопје, поточно матурантите од СУГС гимназија „Орце Николов”.
Покрај можностите за студирање, матурантите беа запознаени и со студентскиот живот на МСУ, активностите кои ги организираат нашите студенти, можностите за стипендии и останатите отворени конкурси.
И годинава планираме да ги посетиме сите градови во Република Северна Македонија. Следете нѐ за да дознаете кога ќе дојдеме токму во Вашиот град!
15 години Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.