Врз основа на Правилникот за формата и начинот и водењето (во материјална и електронска форма) и содржина на матичната книга на запишани студенти и главната книга на дипломирани студенти (Сл.весник на РМ 102/18) и Статутот на Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Универзитет Свети Николе, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 18.12.2023 година донесе одлука за трансфер и упис на студенти во учебната 2023/2024 година и го објавува следниот
за трансфер и упис на студенти на прв циклус на студии на
акредитираните студиските програми во учебната 2023/2024 година на
Факултетот за економија и организација на претприемништвото со насоки (Свети Николе и Битола)
Факултет за психологија со насока (Свети Николе и Битола)
Факултет за технички науки и информатика со насоки (Свети Николе и Битола)
Факултет за правни науки со насоки (Свети Николе и Битола)
Право на аплицирање имаат студенти кои истовремено студираат на повеќе студиски програми од различни специјалности и изучуваат дополнителни курсеви, студенти кои побрзо напредуваат во студиите, студенти кои ги продолжуваат студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која биле запишани престане да работи, студентите кои преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студиски програми и насоки или во иста високообразовна установа и притоа ги користат погодностите на кредит системот, студенти кои ги продолжуваат студиите што ги прекинале под услови определени со статутот на високообразовната установа, странски студенти, како и студенти кои од оправдани причини не успеале да се запишат во матичната книга при првиот термин на затворањето.
Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 500 евра (за една учебна година) во денарска противвредност сметано по курс на НБРМ на денот на уплатата. При плаќање на школарината однапред студентите добиваат попуст од 10%.
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Пријавување на кандидати – најдоцна до 30.01.2024 година
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии во учебната 2023/2024 година, кандидатите ги поднесуваат следните документи:
Преку оваа страница за неколку минути и во пет чекори ќе можете да аплицирате онлајн за трансфер на еден од петте факултети на МСУ. Во следниве неколку чекори ние ќе Ве водиме низ апликацијата и ќе Ви објасниме како да аплицирате за трансфер – целосно електронски.
Доколку насоката која ја одбравте Ве води кон професијата од Вашите соништа, тогаш сторете нешто во врска со тоа! Откако ги собравте сите потребни информации, време е за онлајн аплицирање. Пополнете ја апликацијата за да ги доставите Вашите податоци до Службата за студентски прашања.
Апликацијата е затворена.
По пополнување на апликацијата испратете ги потребните документи за трансфер до Службата за студентски прашања.
При пријавувањето за трансфер на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат скенирани следните документи:
Сега, кога веќе сè Ви е подготвено, Службата за студентски прашања ќе направи проверка на сите документи. Во рок од неколку денови ќе бидете контактирани.
По донесување на решение од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија ќе бидат донесени конечни одлуки и ќе бидете информирани дали трансферот може да се направи.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |