За првпат организиравме заедничко виртуелно кино во Киноверзум

Се одржа вебинарот на тема „Психолошки третмани на болка“
11 мај 2021
Се одржа првата работилница за цртање стрипови со Здравко и Давор
13 мај 2021

За првпат организиравме заедничко виртуелно кино во Киноверзум

На 11-ти мај со почеток во 20:00 часот се одржа бесплатна проекција на македонскиот филм „Јавачи на коњи“ во Киноверзум. Настанот беше хибриден – со тоа што овозможивме заинтересираните учесници да го следат настанот со физичко присуство, но и виртуелно, од своите домови.

Ова е нашиот прв хибриден настан за време на пандемијата. По завршување на филмот нашите професори доц. д-р Ана Чучкова и проф. д-р Мирослав Пендароски дадоа психолошки осврт за темите од психологијата кои се обработени во филмот. Публиката се вклучи во дискусијата на Zoom (виртуелно) и во Киноверзум (во живо).



„Јавачи на коњи“ е македонски независен филм по сценарио на Никола Кузелов, а во режија на Марјан Гавриловски. Филмот раскажува за среќата, колку малку е потребно за да ја имаш и уште помалку за да ја изгубиш.

играат: Бобан Кулески, Никола Кузелов, Долорес Поповиќ, Владимир Јаревски, Кристијан Стојановски
режија: Марјан Гавриловски
сценарио: Никола Кузелов
директор на фотографија: Даниел Калач