Се одржа првата работилница за цртање стрипови со Здравко и Давор

За првпат организиравме заедничко виртуелно кино во Киноверзум
12 мај 2021
Се одржа вебинарот „Справување со стрес во приватна и професионална сфера во период на неизвесност“
14 мај 2021

Се одржа првата работилница за цртање стрипови со Здравко и Давор

Работилницата за цртање стрипови со Здравко и Давор беше петтиот настан што се организираше во рамките на платформата за психолошка поддршка. Настанот беше во забавниот дел на програмата на платформата, а работилницата ја водеа Здравко Гиров и Давор Драмиќанин.

Станува збор за онлајн креативна работилница преку која учесниците можеа да научат повеќе за тајните на цртањето стрипови, а можеа и самостојно да цртаат следејќи ги инструкциите на Здравко и Давор.



Имавме многу млади таленти кои ги следеа инструкциите на Здравко и Давор и цртаа за време на настанот. За време на настанот младите таленти ги споделија своите цртежи со останатите учесници.



Здравко Гиров (стрип цртач, илустратор, аниматор) и Давор Драмиќанин (стрип сценарист) се движечката сила на Здружението за промовирање на стрип културата „МАКСТРИПОВИ”.

Нивната мисија е едукација на младите таленти за подобрување на визуелниот и наративниот дел во стрип приказните. Заедно имаат водено голем број работилници и стрип школи. Здружението „МАКСТРИПОВИ“ има за цел и да помогне во промоција на домашните стрип автори, преку организирање изложби и преку издавање промотивен стрип магазин Синдром.



Следете ги сите настани на нашата платформа за психолошка поддршка.