Се одржа вебинарот на тема „Психолошки третмани на болка“

Се одржа вебинарот со Ида Протугер – Резилиентноста како начин за борба против стресот и последиците што ги остава врз менталното здравје и квалитетот на живот
10 мај 2021
За првпат организиравме заедничко виртуелно кино во Киноверзум
12 мај 2021

Се одржа вебинарот на тема „Психолошки третмани на болка“

„Психолошки третмани на болка“ е третиот вебинар кој се одржа во рамките на платформата за психолошка поддршка. Вебинарот се одржа на 10-ти мај со почеток од 16:00 часот и беше осмислен како онлајн час во кој учество земаа и студенти од Факултетот за психологија.

Вебинарот го водеше вонр. проф. д-р Сашо Кочанковски, професор на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.

Студентката Јована Новеска зборуваше за „Психолошки третмани на болката“, Камелија Илиева ја запозна публиката со „Гешталт терапија во третман на болка“.

Гедеон Узеировски и Емилија Митревска споделија повеќе информации за „Когнитивно-бихевиорална терапија“, Ангела Ѓуракова зборуваше за „Плацебо ефектот“, а Викторија Сидоровска имаше презентација на тема „Болнички кловнови – моќта на насмевката во лекувањето и рехабилитацијата.