Се одржа вебинарот со Ида Протугер – Резилиентноста како начин за борба против стресот и последиците што ги остава врз менталното здравје и квалитетот на живот

Одбележан 9 Мај – Денот на победата над фашизмот
9 мај 2021
Се одржа вебинарот на тема „Психолошки третмани на болка“
11 мај 2021

Се одржа вебинарот со Ида Протугер – Резилиентноста како начин за борба против стресот и последиците што ги остава врз менталното здравје и квалитетот на живот

„Резилиентноста како начин за борба против стресот и последиците што ги остава врз менталното здравје и квалитетот на живот“ е вториот вебинар кој се одржа во рамките на платформата за психолошка поддршка. Настанот се одржа на 9 мај, со почеток од 20:00 часот и имаше околу 260 учесници.

Вебинарот го водеше Ида Протугер, сертифициран лајф и бизнис коуч, а доц. д-р Ана Чучкова ги презентираше можностите кои ги нуди Платформата за психолошка поддршка.


 


Стресот како феномен и болестите поврзани со него се сметаат за предизвици на новото време. Зајакнувањето на резилиентноста (менталната отпорност) станува главна стратегија за борба со стресот и последиците што ги остава врз менталното здравје. Јакнењето на отпорноста се покажа како корисна стратегија за превенција на менталното здравје во корона-панедемијата.

Ида Протугер дипломирала психологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998. Работела како новинар од 1999 до 2017 година во повеќе медиуми, главно на позиција главен уредник на еконмски вести во Канал 5 ТВ (2002 – 2006) и во Алфа ТВ (2008- 2010), автор и водител на дебатна емисија „Маркет 168“ во Алфа ТВ, новинар-уредник во „Дневник“ и „Граѓански“, колумнист во Фокус.

Во моментот пишува колумни на тема личен развој и бизнис коучинг за Дојче веле на македонски јазик. Од 2015 година живее во Виена каде завршува дополнително образование за тренер за личен развој и бизнис коучинг на Институтот „Кепос“ во Виена, Австрија (2017 до 2020 г).

Работи како сертифициран лајф и бизнис коуч од јануари 2020 година.

Потесно поле на интерес и хуманистичка психологија, а темите на кои работи се градење продуктивни приватни и професионални релации, лидерство и предизвици при носење важни одлуки.

Следете ги останатите настани на Платформата за психолошка поддршка.