Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе се одржа концерт на руски песни „Подмосковски вечери“.
Настапија Аљона Мартинова и Арина Крајушкина, артистки од градскиот округ Електростаљ (Руска Федерација), збратимен со општина Струмица.
На настанот присуствуваа г-дин Михаил Крапива Аташе (култура, образование, наука и спорт) во Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, г-дин Сашо Велковски, градиначалник на Општина Свети Николе, г-дин Димиртиј Гусев, советник на градоначалникот на градскиот округ Електростаљ во Московската област, г-дин Виталиј Шапарниј, претседател на комисијата за социјална политика, образование, култура, здравствена заштита и спорт во Советот на пратеници на градски округ Електростаљ во Московската област.