Во Свети Николе по десетти пат се прослави Велигден со кршење на ноеви јајца

На МСУ во Битола спроведена акција за донирање на облека
23 април 2019
Во Свети Николе се одржа концерт на руски песни „Подмосковски вечери“
7 мај 2019

Во Свети Николе по десетти пат се прослави Велигден со кршење на ноеви јајца

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ организираше натпревар во кршење со ноеви јајца. Годинава, оваа необична и уникатна традиција за празнување на Велигден е јубилејна десетта година.

Натпреварот се оддржа на плоштадот во центарот на Свети Николе покрај јајцето високо 3 метри кое беше нарачано и изработено за Општина Свети Николе, со поддршка од Меѓународен Славјански Универзитет.

На овој десетти по ред натпревар, учество зедоа деца од Свети Николе, Пробиштип и Русија.

Во опуштена и пред се весела атмосфера, учесниците кои беа во тим по двајца си ги одмеруваа совладаните техники како да се крши јајцето на противникот.

Победничкиот тим на овој традиционален натпревар беше составен од Маркијан Кралев и Горан Златев од Свети Николе, кои со ноевото јајце кое тежи околу еден килограм, ги победија останатите натпреварувачи.

Натпреварот беше проследен од комисија која беше составена од Лена Ѓуриќ, Милена Спасовска и Ивана Спасева.

Ноевите јајца се одгледани на фарма во Свети Николе и тие се варат најмалку 2 часа, а заменуваат околу 20 кокошкини јајца.

Во кршење со велигденски јајца силите си ги одмерија и возрасните.