Меѓународен Центар за Славјанска Просвета, официјалната издавачка куќа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Институтот за култура и уметност при МСУ организираа промоција на книгата „Преживеана“ од Слободанка Кузманова.
Слободанка Кузманова е студентка на Факултетот за псиихологија при МСУ и ова е нејзино прво автобиографско дело.
Промоцијата се одржа на 18.09.2021 со почеток од 13:00 часот во библиотеката на МСУ пред ограничена публика, согласно протоколите. Настанот беше организиран комбинирано и истовремено можеше да се следи и онлајн, преку платформата Zoom.
Настанот го отвори проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, директорка на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. За книгата говореа доц. д-р Ана Чучкова и проф. д-р Мирослав Пендароски.