Известување и пријавување за октомвриска сесија

Во библиотеката на МСУ промовирана книгата „Преживеана“ од Слободанка Кузманова
18 септември 2021
Потпишан договор за соработка со Универзитетот „Фехми Агани“ – Ѓаковица, Република Косово
23 септември 2021

Известување и пријавување за октомвриска сесија

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека ќе биде спроведена една условна испитна сесија:

  • октомвриската сесија ќе започне на 12 октомври (понеделник) и ќе трае до 23 октомври (сабота). Пријавувањето ќе биде од 2 до 9 октомври.

Целта на оваа сесија е да се овозможи на студентите кои не исполнуваат услов за премин во повисока година да го доположат потребниот број на предмети.

Испитната сесија ќе биде спроведена онлајн. Пријавувањето на испитите ќе се врши онлајн. Во оваа сесија е дозволено е полагање на испити од парен и непарен семестар. Распоредот за испитната сесија, како и апликацијата за пријавување на испитите ќе бидат објавени на Е-учење.


Услови за полагање


Согласно Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв циклус студии и Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии во октомвриската испитна сесија се дава шанса и на студентите кои не го исполнуваат условот за премин во повисока година да можат да дополагаат предмети за да го стекнат потребниот број на ЕКТС кредити за премин во повисока година.

Услови за премин во повисока година:

Прв циклус

  • Студентот доколку освоил најмалку 31 европски кредити се смета дека е студент во втора година на прв циклус студии.
  • Студентот доколку освоил најмалку 62 европски кредити се смета дека е студент во трета година на прв циклус студии, од кои 31 европски кредити од прва година, а 31 од втора година.
  • Студентот доколку освоил најмалку 93 европски кредити се смета дека е студент во четврта година на прв циклус студии, од кои 31 европски кредити од прва година, 31 европски кредити од втора година, а 31 од трета година.

Втор циклус

  • Студентот доколку освоил најмалку 31 европски кредити се смета дека е студент во втора година на втор циклус студии.

Во овaa сесиja можe да полагаат сите студенти, со тоа што:

  • студентите кои имаат услов за премин во повисока година пријавуваат стандардно со пријава од 50 денари
  • студентите кои немаат услов за премин во повисока година пријавуваат со пријава од 3050 денари по предмет