Потпишан договор за соработка со Универзитетот „Фехми Агани“ – Ѓаковица, Република Косово

Известување и пријавување за октомвриска сесија
22 септември 2021
Емирхан Ераслан од Универзитетот Сулејман Демирел, Република Турција на студентска размена на МСУ
23 септември 2021

Потпишан договор за соработка со Универзитетот „Фехми Агани“ – Ѓаковица, Република Косово

На 23 септември 2021 на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе беше потпишан Договор за соработка со Универзитетот „Фехми Агани“ – Ѓаковица, Република Косово.

Договор беше потпишан од проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и проф. д-р Артан Нимани, ректор на универзитетот „Фехми Агани“.

Со потпишување на договорот двете институции сакаат да започнат поблиска академска соработка. Двете институции се согласија соработката да ја реализираат преку студентски размени и размена на кадар, заедничка работа на Еразмус+ проекти, итн.