Денес се одржа првото предавање од бесплатниот курс по руски јазик. Предавањето помина успешно со над 350 вклучени слушатели. На првото предавање слушателите се запознаа со руската азбука, изговорот на буквите и акцентирањето.
Курсот го води м-р Зоран Панов, лектор по руски јазик. За потсетување, часовите ќе се одржуваат двапати неделно (среда и петок) со почеток од 10:00 часот.
Со ова предавање започнува циклусот на бесплатни обуки и курсеви организирани од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Институт за култура и уметност при МСУ и Институтот за инженерска економија.
Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во соработка со научниот Институт за култура и уметност при МСУ за првпат организира бесплатен курс по руски јазик за лица над 14 години, кој можат да го слушаат сите заинтересирани кои сакаат да го изучуваат и совладаат рускиот јазик.
Слушателите кои ќе го положат тестот на крајот на курсот ќе добијат сертификат издаден од Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ за познавање на рускиот јазик.
Повеќе информации за курсот и за пријавување на истиот можете да најдете на овој линк.