Резултати и најава за Бесплатни обуки на теми по ваш избор

Габриела Матискова од Универзитетот Масарик во Брно, Чешка ќе студира на МСУ еден семестар
14 февруари 2022
Успешно се одржа првиот час од курсот по руски јазик
16 февруари 2022

Резултати и најава за Бесплатни обуки на теми по ваш избор

2022 е почеток на ново патување, симбол на нови идеи, подобри решенија, инспирација, успешна работа. Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Институтот за култура и уметност и Институтот за инженерска економија Ви подготвија цела година бесплатни обуки на теми кои ги избравте токму Вие.

Вашите интереси се важни за нас и ќе вложиме напори до крајот на годината да успееме да ги реализираме сите предлози кои ни ги испративте. Пристигнаа повеќе од 200 предлози, кои ќе бидат основа за да креираме едукативни содржини кои се релевантни за Вас и ќе Ви помогнат во унапредувањето на Вашите знаења и вештини.

При бодувањето на пристигнатите предлози, доколку имаше ист/сличен предлог од повеќе автори, предност се даваше на предлогот кој е пристигнат прв.

Тоа што некои од темите не се наведени овде или не се наградени, не значи дека се помалку добри од другите. Колку и да звучи амбициозно од наша страна, ние ќе се обидеме да ги реализираме барем повеќето од нив во форма на бесплатни онлајн работилници, предавања, едукативни семинари, летни школи итн.

Сепак, најголемата награда за сите е тоа што најголемиот дел од пристигнатите предлози ќе бидат реализирани, што ќе обезбеди бесплатен пристап до едукативни ресурси од различни области за лица од повеќе генерации.



Награди


Првите три места нашата комисија ги доделува на следниве учесници:

1 место – Здравка Најдоска – таблет + МСУ подароци

  • изработка на слики со срмен конец
  • везење на облека, предмети, материјали
  • декупаж техника
  • работа со полимерна глина
  • компјутерска изработка на шаблони за предмети за облекување
  • Натпревари меѓу групи од учесници по завршени модули од обука
  • Изложба на изработени предмети
  • Поттикнување на креативност
  • учење на нови техники за креативно изразувување
  • создавање на можности за отпочнување на мали бизниси или
  • надополнување на буџетот

2 место – Павел Балабанов – комплет од 5 книги + МСУ подароци

  • Работилницата со фокус на стрес, техники за релаксација, комуникација и самоактуелизација т.е. исполнување на личниот потенцијал.

3 место – Дона Шалевска – комплет од 3 книги + МСУ подароци

  • Музиката – вежбањето на мозокот

+25 предлози со висок број на поени


За останатите 25  теми кои имаа освоено висок број на поени од комисијата, авторите ќе добијат благодарници. Секако, ние ќе организираме бесплатни обуки и за овие теми:

  1. Ослободување од стресот на работното место и подобрување на комуникациските вештини – Нада Дишкова Димчевска
  2. Видови на криптовалути – Ангела Стојчева
  3. Анализа на работниот однос согласно македонското законодавство – Бобан Кочовски
  4. Вложувања во хартии од вредност – Рената Трајкова
  5. Демократија во моите очила – Александра Попова
  6. Стимулирање на когнитивниот развој во ера на дигитален свет – Елена Петковска
  7. Нарушувања во исхраната – Моника Јонческа
  8. Моќта на навиките – Јана Трајковска
  9. 3Д визуелизација на предмети, читање на технички планови и основни познавања на почетнички програми за 3Д моделирање како што се AutoCAD и SolidWORKS – Марко Талевски
  10. Дигитален маркетинг – Јулијана Видин Петковска
  11. Подигнувањето на свеста за прашањето на попреченоста во нашето општество е подрачје на кое секогаш може да се работи – Василчо Илијев
  12. Подигнување на свеста за рационално користење на електричната енергија и користење на други обновливи извори на енергија – Наташа Самарска
  13. Едукација и кревање на свеста за важноста на чистата животна околина – Ирина Андонова Танчева
  14. Креативно пишување – Драгана Стојиќ
  15. Брзо читање, помнење и техники за учење – Станка Ангелова
  16. Арт терапија; Игровна терапија; Драмотерапија – Соња Гаврилова
  17. Обука за користење на Microsoft Power Bi – Мирослав Вранешевиќ
  18. Развојот и историјата на славјанските јазици – Димитар Пивковски
  19. Примена на вештачката интелигенција во секојдневниот живот – Антонио Стојановски
  20. Наставникот како дефектолог, психолог и педагог, во работата со ученици со ПОП – Валентина Тодорова
  21. Скулптури – Ѓоре Андов
  22. Асертивна комуникација. Менаџирање на конфликти – Марија Нечовска
  23. Писма, писменост и потекло на јазиците – Билјана Ристова
  24. Невропсихологија – Елиф Илијаз
  25. Детската психологија во онлајн игрите и речникот во конверзацијата при играњето на истите – Софија Крстева

Останати предлози кои ќе ги реализираме


  • Подигнување на свеста за рационално користење на електричната енергија
  • Laravel
  • JavaScript
  • Python
  • Креирање на филм, режирање, вршење аудиција за актери/актерки, пишување сценарио за филм

Со реализација на предлозите ќе започнеме во март 2022 година. Некои од работилниците ќе бидат организирани онлајн, а за дел ќе се потрудиме да ги организираме со физичко присуство. Деталната програма ќе биде достапна наскоро.

За секоја обука ќе креираме посебни настани кои ќе ги објавуваме на нашиот Facebook профил.