Бесплатни обуки на теми по ваш избор

Известување за започнување на бесплатен курс по руски јазик
10 јануари 2022
Упатство за електронска пријава за испит за сесија во јануари 2022
17 јануари 2022

Бесплатни обуки на теми по ваш избор

Нова година – нова шанса за надоградување на вашите знаења. 2022 е почеток на ново патување, симбол на нови идеи, подобри решенија, инспирација, успешна работа. Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Институтот за култура и уметност и Институтот за инженерска економија ви подготвуваат цела година бесплатни обуки!

На кои теми? На теми кои вие ќе ги изберете.

Напишете ни предлози за теми кои сакате да ги обработуваме, а ние ќе се потрудиме да организираме бесплатни курсеви, онлајн работилници, летни школи, обуки и семинари според предлозите кои ќе ги добиеме.



Кој може да достави предлог?


Доколку сакате да учите нови работи и да напредувате во студиите или вашата кариера – ние сме овде да го реализираме вашиот предлог преку нашиот МСУ Реализатор.

Нашата апликација е отворена за сите кои сакаат да ги унапредат своите знаења.


До кога најдоцна треба да се испратат предлозите?


Сите предлози може да се доставуваат до 05.02.2022 година, до 15:00 часот. 


Каде се испраќаат предлозите?


Предлозите можете да ги прикачите во електронската пријава која е дадена подолу на оваа страница.


Награди


Најголемата награда е тоа што вашиот предлог ќе биде реализиран. Ниту една друга награда не е доволно добра за добар предлог. Но сепак, најкреативните предлози ќе ги наградиме со:

  • 1 место – таблет + МСУ подароци
  • 2 место – комплет од 5 книги + МСУ подароци
  • 3 место – комплет од 3 книги + МСУ подароци

Сите останати учесници ќе добијат благодарници.


Критериуми


Наградените предлози ќе бидат избрани од страна на комисијата според следниве критериуми:

  • оригиналност, иновативност
  • потенцијал за реализација на идејата
  • добро организирана идеја со соодветна содржина и структура
  • јасна цел, добро аргументирање и конкретни примери

Што е со предлозите кои нема да бидат наградени?


Дури и ако Вашиот предлог не е награден, тој може да биде реализиран. Деталниот план за предлозите кои ќе се реализираат ќе биде објавен јавно заедно со резултатите.

Бидејќи вашите интереси ни се важни, се надеваме дека до крајот на годината ќе можеме да ги реализираме сите предлози кои ќе ги добиеме. Сакаме да понудиме содржини кои се релевантни за вас и ќе ви помогнат да ги унапредите вашите знаења.


Објавување на резултатите


Резултатите ќе бидат објавени на оваа страница на 15.02.2022 година заедно со програмата за бесплатни обуки до крајот на годината.


Апликација


Апликацијата е завршена.