25 студенти од Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ на 15 октомври (петок) земаа учество на вебинарот на тема Парламентот (Собранието) како основна институција на парламентарното право за студентите од универзитетите во Република Северна Македонија.
Целта на вебинарот беше запознавање на студентите со правилата по кои се одвива парламентарниот живот и работата на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, како и овозможување на учесниците да се стекнат со знаења од областа на парламентарното право и нивна подготовка за примена на ова знаење во практиката.
Вебинарот беше реализиран од страна на обучувачи од Одделението за едукација и комуникација во Парламентарниот институт.
Свои обраќања имаа: