На 18 октомври, во просториите на Македонската академија на науките и уметностите се одржа свеченото отворање на Деновите на руската наука во организација на МАНУ, Амбасадата на Руската Федерација и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Од 18 до 21 октомври во рамки на настанот ќе се одржат четири предавања од различни научни области – вештачка интелигенција, биохемија и молекуларна биологија, земјоделски и ветеринарни науки.
На свеченото отворање во Македонската академија на науките и уметностите свои обраќања имаа:
На отварањето присуствуваше (онлајн) и проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“.
На 19 октомври (вторник) свое обраќање имаше:
– академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, на тема „Вештачка интелегенција – придобивки и недостатоци“
На 20 октомври (среда) свое обраќање имаше:
– проф. д-р Велимир Стојковски, почесен конзул на Руската Федерација во Охрид, на тема „Достигнувања во биохемијата и молекуларната биологија“
На 21 октомври (четврток) свои обраќања ќе имаат:
– проф. д-р Евгениј Варисович Камалдинов, проректор за научна и меѓународна дејност на Новосибирскиот аграрен универзитет, на тема „Достигнувања во земјоделските науки“
– проф. д-р Лариса Александровна Гнездилова, проректор за наука и иновации на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија „К.И. Скрјабин“.