Студенти од МСУ на вебинар „Парламентот (Собранието) како основна институција на парламентарното право“

Започнаа „Деновите на руската наука“ во МАНУ
20 октомври 2021
Проф. д-р Мирослав Пендароски одржа предавање во Универзитетската библиотека во Пула за членови на Здружението на психолози од Истра
24 октомври 2021

Студенти од МСУ на вебинар „Парламентот (Собранието) како основна институција на парламентарното право“

25 студенти од Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ на 15 октомври (петок) земаа учество на вебинарот на тема Парламентот (Собранието) како основна институција на парламентарното право за студентите од универзитетите во Република Северна Македонија.

Целта на вебинарот беше запознавање на студентите со правилата по кои се одвива парламентарниот живот и работата на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, како и овозможување на учесниците да се стекнат со знаења од областа на парламентарното право и нивна подготовка за примена на ова знаење во практиката.

Вебинарот беше реализиран од страна на обучувачи од Одделението за едукација и комуникација во Парламентарниот институт.

Свои обраќања имаа:

  • Марија Костадинова, пратеник
  • Љупчо Пренџов, пратеник
  • Соња Стаменковска, советник – историчар – Организирање и функционирање на Собранието, основни функции на парламентот и постапката на донесување на закони
  • Дејан Димитриевски, раководител на Oдделението за едукација и комуникација, Правна положба на пратениците
  • Томе Гушев, советник за правно – политичка едукација, Евалуација и затворање на семинарот