Денес студенти од четврта година од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет имаа практична настава во ОУ „Св. Климент Охридски”, Битола.
Целта на денешната посета беше запознавање на студентите со работата на училишниот психолог и реализирање на Социометриска постапка со која се идентификуваше социјалниот статус на учениците со попреченост во инклузивна настава.