Повик за четвртиот шаховски турнир „Державин“ – декември 2019

Студенти од Факултетот за психологија имаа практична настава во ОУ „Св. Климент Охридски”, Битола.
26 ноември 2019

Повик за четвртиот шаховски турнир „Державин“ – декември 2019


 Повик за четвртиот Шаховски турнир „Державин“ во Битола


Меѓународниот Славјански Универзитет како организатор Ве поканува да земете учество на тридневен шаховски турнир од 29-ти ноември до 1-ви декември 2019 во големата конференциска сала на нашиот универзитет во Битола, со почеток од 12:00 часот.

Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ веќе традиционално по четврти пат го организира младинскиот шахоски турнир „Державин“ кој како и минатата година, така и оваа, е пријавен и рејтингуван од страна на Светската шаховска федерација. Се работи за еден од најквалитетните младински турнири, со награден фонд од 55.000 денари.

Ќе се играат два турнири во еден и тоа:

  • Младинскиот стандарден, за лица родени до 2001 година со рејтинг не поголем од 2000 во 7 кола (60 минути со додаток 30 секунди по потег) и
  • Рапид за лица родени до 2009 со 7 кола (40 минути со додаток 10 секунди).

Покрај најсилните шахисти од нашата земја,  на турнирот се пријавени и десетина млади шахисти од Р. Албанија. Повикот е отворен и се уште може да се пријават заинтересираните кандидати.

  • Контакт лице за пријавување: Тони Кироски, 072 932 136 или tonisah@t.mk.


Младински ОПЕН Державин 2019
Термин на играње 29 ноември до 1 декември 2019
Место МСУ „Г. Р. Державин“ – Битола
Организатор МСУ „Г. Р. Державин
Систем на играње 7 кола швајцарски систем, според ФИДЕ правила
Темпо на играње 90 минути по играч со додаток од 30 секунди по потег, почнувајќи од првиот (90’ + 30’’)
Рок за пријавување Најдоцна до 28.11.2019, на 072 932 136 или на tonisah@t.mk
Рејтингување Турнирот е пријавен во ФИДЕ и ќе се рејтингува.

 

Линк.

Распоред на играње 29.11.2019 • 12:00 • 1-2 коло

30.11.2019 • 09:00 • 3-5 коло

01.12.2019 • 09:00 • 6-7 коло

Право на настап имаат Сите шахисти родени 2001 и помлади кои имаат рејтинг под 2000. Организаторот може да одобри и вајлд карта за одредени играчи.

Бројот на играчи е лимитиран при што организаторот заради просторни причини може да одбие одредени пријави.

Уписнина 600 денари
Примач: МСУ Св. Николе
Жиро сметка: 300270000084655
Комерцијална банка
Награден фонд 49.000 денари
Место Награда Место Награда Место Награда
1 12.000 4 6.000 7 3.000
2 9.000 5 5.000 8 2.000
3 7.000 6 4.000 9 1.000
Специјални награди Медали и дипломи за три најдобро пласирани до 10 години

Медали и дипломи за три најдобро пласирани до 12 години

Медали и дипломи за три најдобро пласирани до 14 години

Медали и дипломи за три најдобро пласирани до 16 години

Медали и дипломи за три најдобро пласирани шахистки

Наградите се делат Според Хортов систем
При делба одлучува 1. Бухолц-1

2. Бухолц

3. Поголем број победи

4. Прогрес

Шаховски комплети Обезбедени за сите учесници
Освежувања Обезбедени за сите учесници


Младински Рапид Державин 2019
Термин на играње 30 ноември до 1 декември 2019
Место МСУ „Г. Р. Державин“ – Битола
Организатор МСУ „Г. Р. Державин“
Систем на играње 7 кола швајцарски систем, според ФИДЕ правила
Темпо на играње 40 минути по играч со додаток од 10 секунди по потег, почнувајќи од првиот (40’ + 10’’)
Рок за пријавување Најдоцна до 29.11.2019, на 072 932 136 или на tonisah@t.mk
   Рејтингување

                    

Турнирот е пријавен во ФИДЕ и ќе се рејтингува.

Линк.

Распоред на играње   30.11.2019 • 12:00 • 1-4 коло

01.12.2019 • 09:00 • 5-7 коло

Право на настап имаат   

Сите шахисти родени 2009 и помлади.

Бројот на играчи е лимитиран при што организаторот заради просторни причини може да одбие одредени пријави.

Уписнина 200 денари

Примач: МСУ Св. Николе
Жиро сметка: 300270000084655
Комерцијална банка

Награден фонд 6.000 денари
Место Награда Место Награда Место Награда
1 3.000 2 2.000 3 1.000
Специјални награди Медали и дипломи за три најдобро пласирани до 8 години

Медали и дипломи за три најдобро пласирани до 10 години

Медали и дипломи за три најдобро пласирани шахистки

Стокови награди за секој учесник

Наградите се делат Според Хортов систем
При делба одлучува
  1. Бухолц-1
  2. Бухолц
  3. Поголем број победи
  4. Прогрес
Шаховски комплети Обезбедени за сите учесници
Освежувања Обезбедени за сите учесници