Денес е ден на македонското правосудство. На овој ден во 1945 година е донесена Повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија и Решение на АСНОМ за создавање на Суд за судење на престапи против македонската национална чест.
По тој повод, денес студенти од Факултетот за правни науки заедно со продеканот за настава доц. д-р Марија Гроздановска остварија посета на Основен суд Битола, при која студентите се запознаа со работата на судот и начинот на неговото функционирање.