Почеток на настава со физичко присуство – летен семестар

Студенти од Факултетот за психологија при МСУ реализираа практична настава во СОУ „Таки Даскало“ во Битола
30 март 2022
Студенти од Факултетот за правни науки при МСУ заедно со доц. д-р Марија Гроздановска во посета на Основен суд Битола
31 март 2022

Почеток на настава со физичко присуство – летен семестар

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека согласно одлуката на Владата сите високообразовни установи треба да започнат настава со физичко присуство согласно протоколите.

Наставата ќе се одржува со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус КОВИД-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.

Среќни сме што нашите студенти ќе имаат можност повторно да се поврзат со пријателите и професорите. Во изминативе 2 години нашите студенти и професори покажаа дека се креативни, флексибилни и одлучни да добијат повеќе знаење. Технологијата, иако нуди многу возбудливи можности, никогаш нема целосно да го замени професорот. Заеднички тргнуваме во нови авантури – учиме, создаваме и растеме заедно.


Почеток на наставата со физичко присуство


Меѓународен Славјански Универзитет ќе започне со настава со физичко присуство од 11 април 2022. Распоредите за кампусите во Свети Николе и Битола ќе бидат објавени најдоцна до понеделник, 4 април.

Априлската испитна сесија (и сите понатамошни сесии) и наставата ќе се одвиваат целосно со физичко присуство, со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од КОВИД-19.

Испитната сесија и предавањата ќе се одвиваат во просториите на кампусите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола.


Изведување на наставата во меѓувреме


Сите предавања и колоквиуми кои се закажани до 11 април ќе се одржуваат онлајн согласно постоечкиот распоред.