Конкурс за стипендии – 2022/2023

Се одржа шестото предавање од ППП – „Типови на личност“ од проф. д-р Сашо Кочанковски
27 април 2022
М-р Михаела Ѓорчева, бренд менаџер на Меѓународен Славјански Универзитет е на листата Forbes 30 Under 30 – Europe
3 мај 2022

Конкурс за стипендии – 2022/2023

Меѓународниот Славјански Универзитет – Свети Николе распишува

КОНКУРС

за доделување на стипендии за додипломски и последипломски студии на Меѓународен Славјански Универзитет за учебната 2022/2023.


МСУ е високообразовна установа која перманентно одвојува сопствени средства и наоѓа начин соодветно да ги стимулира најдобрите матуранти и млади луѓе да ја продолжат својата едукација на еден од факултетите на универзитетот на прв или втор циклус на студии. За академската 2022/23 година МСУ обезбеди максимални годишни средства за стипендирање во вредност од вкупно 19.500 евра, од кои 9.100 евра на прв и 10.400 евра на втор циклус на студии.


 


Кој може да освои стипендија?


Право на учество имаат:

  • Прв циклус – тековни матуранти во учебната 2021/22 година, лица кои положиле државна матура не порано од учебната 2016/2017 година со исклучок на 2019/2020, како и студенти од други универзитети во земјата и во странство.
  • Втор циклус – дипломирани студенти со 180 ЕКТС (за двегодишни студии) или 240 ЕКТС (за едногодишни или двегодишни студии) од 2017 година со просечен успех од факултетот најмалку од 8.

За кои факултети се стипендиите?


Меѓународен Славјански Универзитет ќе додели:

  • 15 стипендии на додипломски студии;
  • 10 стипендии на последипломски студии

Додипломски студии


Факултет за економија и организација на претприемништвото

  • 1 целосна стипендија х 1000 евра
  • 1 делумна стипендија х 500 евра
  • 1 делумна стипендија х 250 евра

Факултет за психологија 

  • 1 целосна стипендија х 1000 евра
  • 1 делумна стипендија х 500 евра
  • 1 делумна стипендија х 250 евра

Факултет за информатика

  • 1 целосна стипендија х 1000 евра
  • 1 делумна стипендија х 500 евра
  • 1 делумна стипендија х 250 евра

Факултет за безбедносно инженерство 

  • 1 целосна стипендија х 1200 евра
  • 1 делумна стипендија х 600 евра
  • 1 делумна стипендија х 300 евра

Факултет за правни науки

  • 1 целосна стипендија х 1000 евра
  • 1 делумна стипендија х 500 евра
  • 1 делумна стипендија х 250 евра

Последипломски студии


Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)

  • 1 целосна стипендија х 1500 евра
  • 1 делумна стипендија х 500 евра

Факултет за психологија (едногодишни или двегодишни студии)

  • 1 целосна стипендија х 1500 евра
  • 1 делумна стипендија х 500 евра

Факултет за информатика (едногодишни или двегодишни студии)

  • 1 целосна стипендија х 1500 евра
  • 1 делумна стипендија х 500 евра

Факултет за безбедносно инженерство (двегодишни студии)

  • 1 целосна стипендија х 1700 евра
  • 1 делумна стипендија х 700 евра

Факултет за правни науки (едногодишни студии)

  • 1 целосна стипендија х 1500 евра
  • 1 делумна стипендија х 500 евра

Начин на доделување на стипендиите


За да обезбедиме процес на фер и транспарентно доделување на стипендии, ние прво ќе организираме предавања, а потоа ќе ги тестираме кандидатите за знаењата кои ние ќе им ги дадеме. Тоа значи дека не Ви се потребни предзнаења од областите кои ќе бидат предмет на тестирање (но секако предзнаењата се добредојдени 😊).

Централната тема на предавањата кои ќе ги организираме ќе биде „Иновативност“. На секое од предавањата темата ќе биде разгледувана од повеќе аспекти – од аспект на економските науки, психологијата, информатичките технологии, безбедноста при работа и од областа на правото.

Ќе бидат организирани вкупно 5 предавања за стипендија за прв циклус т.е. 6 предавања за втор циклус и истите ќе се реализираат онлајн во периодот помеѓу 21 – 27 јуни 2022.

Првите 5 предавања ќе бидат исти за кандидатите кои аплицираат за стипендија на прв и втор циклус, со тоа што единствената разлика ќе биде шестото предавање – кое ќе биде методологија. Шестото предавање ќе ги подготви кандидатите за стипендија на 2 циклус студии за проектната задача, која ќе биде мал истражувачки проект.

По завршувањето на 5 онлајн предавања кандидатите за стипендија на 1 циклус студии подготвуваат проектна задача и се прави тестирање согласно материјалите кои ќе бидат дадени на предавањата.

По завршувањето на 6 онлајн предавања кандидатите за стипендија на 2 циклус студии подготвуваат проектна задача и се прави тестирање согласно материјалите кои ќе бидат дадени на предавањата.

Проектната задача се презентира на денот на тестирањето и секој кандидат ќе има 10 минути да го презентира својот труд.

Тестовите и проектната задача се исти за сите кандидати, без разлика за кои факултет се пријавуваат и истите ќе се базираат исклучиво на предавањата кои ќе ги организира МСУ. Врз основа на вкупно добиените поени од тестот и од проектната задача, најдобрите кандидати ќе се стекнат со стипендии. На прв циклус најдобрите 3 кандидати за секој факултет, на втор циклус најдобрите 2 кандидати за секој факултет. Доколку се случи да имаат ист број на вкупно поени, предност ќе има кандидатот кој освоил повеќе поени на тестирањето.


Критериуми


Максималниот број на поени кои еден учесник може да освои е 100 поени, од кои што:

  • 60 поени максимално од тест;
  • 40 поени максимално од проектна задача.

Тестирање


Тестирањето ќе биде со физичко присуство на МСУ во Свети Николе и во Битола на 07.07.2022 (четврток) во 12.00 часот. Прашањата во тестот ќе бидат комбинирани, а оценувањето на одговорите ќе биде максимално објективно согласно скала на бодови.

Проектната задача се презентира после тестирањето.


Проектна задача


Проектната задача е вториот услов (покрај тестирањето) на конкурсот за стипендии и се базира на креативно и оригинално размислување на кандидатот со сета своја слобода да понуди решение за даден проблем зададен од предавачот.

  • Стипендија за прв циклус на студии:
    А4 формат, максимално 4 страници и помеѓу 1700 – 1900 зборови
  • Стипендија за втор циклус на студии:
    А4 формат, максимално 6 страници и помеѓу 2500 – 3000 зборови

Покрај техничките барања кои се наведени во конкурсот, проектните задачи ќе бидат оценувани од страна на комисијата според следниве критериуми:

  • оригиналност, иновативност
  • стил и начин на изразување
  • добро организирана содржина и структура
  • јасна цел, добро аргументирање и конкретни примери
  • граматика и интерпункција

Подетални инструкции за проектната задача ќе добиете на предавањата.


Дали стипендиите се едногодишни или истите можат да се продолжат во наредните години?


Сите стипендии кои МСУ ги доделува се со можност за продолжување во наредните години од студирањето. Услов за продолжување на стипендија во наредната година е:

  • Студентот мора да биде запишан како редовен студент додека ја користи стипендијата
  • Да ги има положено сите предмети од тековната година заклучно со октомвриска испитна сесија и притоа да има просечна оценка најмалку од 8.5
  • Да биде активен во студентската организација на МСУ

До кога најдоцна треба да се пријавам?


Рокот за пријавување е 20.06.2022.


Потребни документи


Потребно е да ни испратите:

  • скенирано свидетелство – од 3-та година од средно училиште (за прв циклус на студии)
  • скенирано уверение за завршени 180 ЕКТС или 240 ЕКТС (за втор циклус на студии)

Објавување на резултатите


Објавувањето на резултатите ќе биде на 12.07.2022 година на веб страницата на МСУ.


Апликација за пријавување


Апликација за стипендија за 2022/2023

Лични податоци за кандидатот:

Овој број ќе биде користен за да стапиме во контакт со Вас доколку има технички проблеми со материјалите кои ни ги имате доставено.

Максимална големина на документ 5 MB. Дозволени формати се jpg, jpeg, png.

Максимална големина на документ 5 MB. Дозволени формати се jpg, jpeg, png.


Имате прашања?


За дополнителни прашања обратете ни се на следнава електронска адреса: info@msu.edu.mk.