Деновиве во Охрид се одржа Првата меѓународна балканска регионална конференција „БЗР БОН ТОН“, во огранизација на повеќе еминентни организации од земјата и странство, меѓу кои е и Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
На конференцијата беа присутни повеќе од 220 професионалци од областа на безбедноста и здравјето при работа кои доаѓаат скоро од сите земји во Југоисточна Европа. Целта на конференцијата е да се обезбеди можност за поврзување и соработка на професионалци од областа на безбедноста и здравјето на сите нивоа, кои се активни на ова поле, да се споделат искуства и идеи за намалување на процентот на несреќи, повреди и професионални заболувања во на Република Северна Македонија и унапредување на системите на БЗР.
На конференцијата учество со стручен труд од областа на БЗР имаа и Деканот на Факултетот за безбедносно инженерство, проф. д-р Александар Гроздановски, доц. д-р Синиша Цветковиќ и м-р Тањица Трајчева.