По повод Меѓународниот ден на студентите, 17 ноември, Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола до сите студенти упатува честитки, и воедно ги поканува сите студенти на Хуманитарна студентска забава која ќе започне од 21:00 часот во кафе бар Connect1 во Битола.
Собраните средства кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за Центарот за социјални грижи во Битола, а за забавата се задолжени групата Марифет чијшто вокал Мартин Стојаноски е студент на Факултетот за безбедноно инженерство при нашиот универзитет.