Курсот Латински за правници започна на 28.02.2022 година. (понеделник). Учесниците на овој курс ќе имаат можност да се запознаат со латинскиот јазик на повеќе нивоа.
Курсот го води проф. д-р Даниела Тошева, дипломиран класичен филолог, која има преведено значајна литература од латински и од старогрчки јазик што се однесува на римското право.
Слушателите кои ќе го положат тестот на крајот на курсот ќе добијат сертификат издаден од Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ за познавање на латинската правна терминологија, односно диплома за завршен курс.
Повеќе информации за курсот можете да најдете на овој линк.