Се одржа првото предавање од вториот курс Латински за правници

Студенти од МСУ подаруваат мартинки по повод 1-ви март
1 март 2022
Донесена одлука за ребрендирање на МСУ
9 март 2022

Се одржа првото предавање од вториот курс Латински за правници

Курсот Латински за правници започна на 28.02.2022 година. (понеделник). Учесниците на овој курс ќе имаат можност да се запознаат со латинскиот јазик на повеќе нивоа.

Курсот го води проф. д-р Даниела Тошева, дипломиран класичен филолог, која има преведено значајна литература од латински и од старогрчки јазик што се однесува на римското право.

Слушателите кои ќе го положат тестот на крајот на курсот ќе добијат сертификат издаден од Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ за познавање на латинската правна терминологија, односно диплома за завршен курс.



Повеќе информации за курсот можете да најдете на овој линк.