Курсеви за унапредување на квалификациите „Невропсихолошка дијагностика и корекција во детска возраст”

На МСУ се одржа првата седница на Конференцијата на Приватни Високообразовни Установи
11 јуни 2019
Известување за неработен ден – (петок) 14 јуни 2019 год. (Духовден)
13 јуни 2019

Курсеви за унапредување на квалификациите „Невропсихолошка дијагностика и корекција во детска возраст”

За првпат Институтот за дополнително професионално образование „Меѓународна академија за наука и образование”,  од Москва, Русија организира:

Курсеви за унапредување на квалификациите
„Невропсихолошка дијагностика и корекција во детска возраст“

Курсевите се наменети за педагози и психолози, лица кои се заинтересирани за добивање знаења и практики во областа на детската невропсихологија.


Локација и време:


Курсевите ќе започнат во септември 2019, во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе и Битола.

Точните датуми за курсевите ќе бидат објавени во август 2019.


Можности:


Курсевите за невропсихолошката дијагностика овозможуваат:

  • зголемување на знаењата, вештините и навиките на психолошката помош кај студентите на психологија;
  • добивање нова специјализација на веќе дипломираните студенти;
  • проширување на обемот на знаењата кај здравствените работници, педагошкиот систем на образование и социјалните педагози за психичките процеси кај човекот и нивната дијагностика;
  • спроведување консулативно-дијагностичка и корекциона работа со луѓе на кои им треба помош во областа на невропсихологијата;

По завршувањето на дадената програма слушателите  ќе може да ги систематизираат своите впечатоци за невропсихолошката дијагностика и корекција и ќе може да го формулираат своето  гледиште за планирање и остварување на невропсихолошка дејност и во областа на деликвентното однесување.


Програма:


Курсевите се поделени во пет модули во чии процес слушателите ќе ги усвојат следниве теми:

  • локализација и латерализација на психичките функции;
  • синдром на анализа за нарушување на виши психички функции (нова способност на изучување на проблемот „мозок и психа“);
  • форми за нарушени виши психолошки функции (нарушување, снижување на нивото на кое се исполнуваат функциите…);
  • квалитетни карактеристики на симптомите;
  • тип фактори за нарушен развиток.

Сертификат:


По завршување на секој модул кандидатите се здобиваат со сертификат. По завршувањето на целиот курс (пет модули) се здобиваа со уверение.

После завршувањето на курсот кaндидатите се здобиваат со знаења во делот на невропсихолошка дијагностика во детската возраст, се стекнуваат со искуство за развој и корекција на психичките функции кај децата. Исто така кандидатите ќе добијат материјали  (дијагностички и практични) потребни за практична работа со деца.


Едукатори:

  • доктор на педагошки науки, доцент, невропсихолог Ирина Шуригина-Филипова
  • доктор на психолошки науки, доцент Татјана Бугренкова.

Финансиски услови:


Цената за еден модул е 100 евра. Пријавувањeто е во тек, а уплатата ќе се врши пред почетокот на курсевите, откако ќе биде познат датумот на секој модул одделно.


Апликација:


Аплицирање за обуките

Податоци:

Овој број ќе биде користен за да стапиме во контакт со Вас доколку има технички проблеми со материјалите кои ни ги имате доставено.

Ве молиме одберете една од понудените опции.

Browse...

Максимална големина на документ 5 MB. Дозволени формати се pdf, jpeg, jpg, png

Please wait...

Повеќе информации zlateva.elena@msu.edu.mk, кај асс. м-р Елена Златева.