Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе се одржа промоција на книгата „Лево – десно – економијата низ две перспективи“ која е во издание на Матица, а е напишана во коавторство од двајцата профeсори по економија
Книгата се состои од 20 теми на кои пишуваат двајцата професори за различни економски проблеми, но секој од нив со различни видувања на темата. Промоцијата се одржа во библиотеката на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.
Промотор на книгата беше м-р Зоран Јовановски, уредник на списанието „Економија и бизнис“.
Двајцата професори се обратија со свои излагања во кои ги образложија мотивите, темите и импликациите од темите кои ги имаат обработено во книгата.