На 18 и 19 септември професорот Јанко Бачев учествуваше на Меѓународната научна конференција под наслов Современи безбедносни парадигми и предизвици: Tеорија и практика, во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. На конференцијата, професорот Бачев го презентираше трудот: „Аспекти на спорот за името – Околу грчката безбедносна дилема за употреба на името Република Северна Македонија„ во кој се обидува да ја изложи идејата околу грчката безбедносна дилема во спорот за името земајќи предвид дека од поведението на Грција во 25-годишниот спор за името може да се изведе аргументот дека во нејзината стратешка определба да го оспори нашето уставно име влегува и нејзиниот тактички приод да прикаже пред меѓународата јавност дека употребата на името-Република Северна Македонија претставува закана за грчката национална безбедност и потенцијална опасност за загрозување на мирот и безбедноста во регионот и пошироко. На конференцијата учествуваа 130 учесници од 19 земји.
[dt_fancy_image type=”” style=”1″ lightbox=”0″ align=”” padding=”0″ margin_top=”0″ margin_bottom=”0″ margin_right=”0″ margin_left=”0″ width=”” animation=”none” media=”” image_alt=”” hd_image=”” image=”http://msu.edu.mk/web/msu/wp-content/uploads/561.jpg”][/dt_fancy_image]