Повик до сите студенти за учество на рубриката „Студентски блог“

Студентски блог: Обука на умот – Стефанија Арсова
5 февруари 2021
Известување за упис на нов семестар и почеток на предавањата
7 февруари 2021

Повик до сите студенти за учество на рубриката „Студентски блог“

Почитувани колеги,

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во соработка со Здружението на студенти при МСУ започнува со објавување на студентски текстови. Рубриката Студентски блог „Студентски размислувања“ е иницијатива на Здружението на студенти на Меѓународен Славјански Универзитет. Сите студенти при МСУ кои сакаат своето мислење да го изразат преку кратки есеи, можат својот пишан збор да го испратат на blog@msu.edu.mk.



Кој може да испрати свој текст?


Сите студенти при МСУ можат да испратат свој текст (бројот на испратени текстови не е ограничен).


Кои услови треба да се исполнат?


  • текстот да биде оригинален и да не повредува авторски права на трети лица;
  • текстот треба да биде напишан на македонски јазик;
  • да биде подготвен како MS Office Word документ (.doc или .docx);
  • да биде помеѓу 400 и 1500 зборови

Каде се испраќаат текстовите?


Текстовите се испраќаат на електронската адреса blog@msu.edu.mk.


Кои дополнителни информации треба да бидат доставени?


Заедно со текстот треба да бидат доставени следниве податоци:

  • име и презиме на авторот
  • една или две фотографии од авторот (за објавување заедно со текстот)
  • број на индекс
  • насоката на која студирате

Како и кога ќе бидат објавени текстовите?


Сите пристигнати текстови, најпрво, ќе бидат прегледани од наш стручен кадар. Доколку Вашето дело биде прифатено, истото ќе биде објавено на нашата официјална страна и  секоја среда ќе биде објавуван по еден студентски блог во Битолски весник.

Редоследот на прегледување и објавување ќе биде „прв дојден, прв услужен“.